Бразилецот и
Ливерпул денеска влегоа во војна, сопствениците на „Црвените“ порачаа дека
играчот нема да биде продаден, по што следуваше барање за трансфер од
плејмејкерот.
Експертот на Скај
Спорт за шпански фудбал, Гиљем Балаге попладнево ја прокоментира ново
настанатата ситуација и вели дека Филипе Кутињо сега е подготвен да направи што
и да треба за да потпише со Барса.
„Откако Нејмар
замина, Барселона го идентификуваше Филипе Кутињо како замена” – вели Балаге. „Тие со неговиот
агент веднаш ги договорија личните услови. Од тогаш па наваму, Кутињо се обиде на Ливерпул да му пренесе дека сонува за настап во Барселона. Долго време е фан
на Барса и стана многу добар пријател со Луис Саурез па сака да се пресели на
Камп Ноу”.
„Се однесуваше
многу добро, професионално, дури и Ливерпул го потворди тоа. Но денеска се
случи нешто што го натера да ја премине линијата”.
„Откако Ливерпул
одби две понуди од Барселона, имам импресија дека Кутињо очекуваше третата
понуда да донесе трансфер. Но одеднаш, Ливерпул реши да стави јасно до знаење
дека немаат намера да го продадат и мислам дека токму ова го натера да ја
премине границата. Не го очекуваше ова, и го загуби разумот”.
„Кутињо е
навистина добро момче, сите кои работеле со него го знаат тоа, но тој си зацрта
дека сака да биде играч на Барселона ова лето, и кога остана разочаран од
ставот на Ливерпул, посегна по најсилното оружје кое на располагање го има еден
играч”.
„Сега тој е
подготвен да стори што и да треба за да придонесе трансферот да се реализира”.
„Нормално кога
некој ќе достави барање за трансфер, клубот е свесен дека порано или подоцна
играчот ќе замине. Дали тоа ќе биде ова лето или следното, играчите го добиваат
она што го сакаат. За Ливерпул сега во прашање е и гордоста, особено кај Јирген
Клоп. Тој сака да покаже авторитет со тоа што ќе ги задржи најдобрите играчи.
Продажба на Кутињо дава знак на слабост и го прави тимот полош. Клоп исто така
мисли дека веќе е доцна да пронајде соодветна замена. Но дали има логика да
заджите некој кој сака да биде продаден за сума која е далеку повисока од
нормалната?”