„Филип Втори“ арената е подготвена за Суперкупот, сите недостатоци се отстранети

by
1 минути читање

Во понеделник УЕФА доаѓа во нова инспекција, а според генералниот секретар на владата на Република Македонија, Драги Рашковски сите забелешки се отстранети.

„Сите недостатоци кои беа нотирани од страна на УЕФА на Телеком арената во Скопје се отстранети. Суперкупот може непречено да се одржи. УЕФА доаѓа во контрола во понеделник. На нас останува да се покажеме како гостопримливи домаќини“ – вели Драги Рашковски.

Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед кој се игра на 8. август во Скопје ќе биде најголемиот спортски настан одржан во Македонија. Во главниот град ќе има минимум 20.000 странски навивачи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани