Филип Костиќ чекор поблиску до сензационален трансфер

by Стефан
1 минути читање

Иако се најавуваше продолжување на соработката, Филип Костиќ и Јувентус ќе се разделат следното лето. Според информациите на „Калчомеркато“, „бијанконерите“ нема да му понудат нов договор на српскиот репрезентативец, кој така веќе сега може да преговара со нови клубови.

Во Јувентус одлучиле да им дадат преддност на Камбијасо и Кабрал, најмногу поради нивните годдини. Во тековната сезона Костиќ на 14 натпревари забележа два гола и една асистенција, а ваквата ситуација би можела да ја искористи Црвена Звезда, која во последните сезони редовно носи квалитетни засилувања кога стануваат достапни на пазарот.

Исто така, медиумитте во Италија најавуваат и дека сонародникот на Костиќ, Душан Влаховиќ е пред заминување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×