Некогашниот репрезентативец на Македонија Филип Деспотовски кој денес работи како тренер ја напушти екипата на Кожуф.
Разделбата ја потврди тимот од Гевгелија и во наредниот период ќе биде доведен наследникот на Деспотовски.
„Со љубов ја извршував функцијата шеф на стручен штаб на ФК Кожуф. Го сакам фудбалот како играч во минатото и сега како тренер и од тие позиции им ја пренесов мојата љубов и знаење на многу млади играчи од младинската школа на ФК Кожуф. Им дадов шанса да го искусат натпреварувачкиот дух и да добијат место во првиот тим. Од мене се очекуваше да го однесам и задржам клубот на средината на табелата во склад со условите и можностите кои беа понудени. На играчите им посакувам успеси во наредната сезона“, објави Деспотовски.
Во Втората лига, Кожуф по 15 кола се наоѓа на деветтото место на табелата.