Фиго открива како ја изрекламирал Кока-Кола на Камп Ноу кога навивачите на Барса фрлаа со разни предмети по него

by
1 минути читање

Класикото од 23 ноември 2002 година ќе биде запишано во историјата како едно од најжешките и тоа поради Луис Фиго. Португалскиот фудбалер направи трансфер од Барселона во лутиот ривал Реал Мадрид, и тоа му беше прво гостување кај поранешниот тим. 

За навивачите на Барселона тој беше голем предавник, Фиго ги провоцираше со рацете на уши, а сите се сеќаваат на моментот кога тој изведуваше корнер. Додека тој се местеше да нафрли, домашните фанови почнаа да фрлаат со се и сешто, највпечатлива беше свинската глава која падна покрај него, но Португалецот посебно внимание обрнал на лименка Кока-кола.

Фрлената лименка Фиго ја искористил за да ја изрекламира Кока-кола која му била спонзор.

„Требаше да изведам корнер и бев фокусиран но тоа бидејќи сакав да си ја извршам работата на најпрофесионален можен начин. Но не можев бидејќи почнаа да фрлаат разни предмети по мене, не знам ни како да го опишам тоа. Единствено се сеќавам дека ми одговараше. Во тој период Кока-кола ми беше спонзор и видов лименка на тревата, ја кренав, знаев дека камерите се во мене и можам да му направам реклама на спонзорот“, вели Фиго.

„Следниот ден имав можност во весниците да видам дека кон мене фрлале и со шишиња виски, свински глави… по малку од се“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×