ФИФА ѝ одзеде бодови на репрезентација поради аматерска грешка

by 24 фудбал
1 минути читање

ФИФА донесе одлука да ѝ одземе три бода на репрезентацијата на Јужна Африка во квалификациите за Светското првенство 2026.

Причината е настапот на Мокуна, кој немал право да игра на натпреварот од 21 март, кога Јужна Африка го совлада Лесото со 2-0. Натпреварот е регистриран со службена победа од 3-0 за Лесото, соопшти ФИФА. Покрај тоа, Фудбалскиот сојуз на Јужна Африка е казнет со 10.000 швајцарски франци.

По оваа одлука, Јужна Африка остана на 14 бодови на врвот на табелата во Групата Ц, колку што има и Бенин, додека Нигерија и Руанда имаат по 11. Лесото сега има 9 бодови и е петтопласиран, но шансите за пласман на Мундијалот се минимални.

До крајот на квалификациите Јужна Африка ќе гостува кај Зимбабве и ќе ја пречека Руанда. Првото место носи директен пласман на Светското првенство, а второто обезбедува бараж.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×