Изгледа дека во иднина фудбалот би можел и тоа како да се промени, а посебно тоа може да е случај на Мундијалот кој следи ова лето.
Имено, натпреварите според најавите ќе бидат поделени на некаков вид четвртини, но не на класичниот кошаркарски начин, туку преку ново правило што го воведува ФИФА.
Светската фудбалска федерација објави дека на секој натпревар, среде двете полувремиња, ќе има пауза за „освежување на играчите“ која ќе трае три минути. Сепак, зад оваа одлука се крие и можност за дополнителна заработка.
Секако, станува збор за реклами, ваквите паузи им даваат шанса на телевизиите дополнително да ги зголемат своите приходи.
Тоа значи дека секој од 104-те натпревари на Светското првенство ќе биде прекинуван по еднаш во првото и еднаш во второто полувреме, со пауза од по три минути. Поради тоа, многу е веројатно дека секој натпревар ќе трае повеќе од два часа.