ФИФА сака да им ги скрати провизиите на агентите, само во Европа во 2017 „лапнале“ 1,5 милијарди евра!

by
2 минути читање

Оваа недела во
Лондон средба имаше комитетот на ФИФА во кој членуваат преставници на сите
засегнати страни во фудбалот, односно клубовите, првенствата и организацијата
на играчи ФИФпро.

На состанокот
била дадена поддршка за големи реферори на трансфер системот со кој ќе се
зголеми транспарентноста ќе се заштити интегритетот и ќе се зајакнат
солидарните механизми наменети за клубовите кои обезбедуваат тренинг на
фудбалерите на почетокот од нивната кариера.

Еден од
предлозите е де се ограничи бројот на играчи кои клубовите можат да ги
испраќаат на позајмица. ФИФА сака клубовите да испраќаат млади играчи на
позајмица за тие да продолжат со својот развој а не поради финансиски
придобивки.

Сомнителна е
практиката на клубови како Челси и Јувентус, кои на позајмица имаат и до 40
играчи.

Светската куќа на
фудбалот исто така сака да ги скрати и провизиите на агентите кои „лапаат“
огромни суми. 20-те клубови од Премиерлигата на агентите им платиле 211 милиони
фунти (околу 236 милиони евра) во летото во 2017 и јануари 2018, а УЕФА
проценува дека агентите ширум Европа во 2017 инкасирале околу 1,5 милјарди
евра.

Идејата е одново
да се воведат лиценци откако ФИФА во 2015 дозволи секој да може да биде агент.
Исто така, ќе биде ставена и граница колкави можат да бидат провизиите а ќе се
бара и играчите наместо клубовите да ја плаќаат оваа провизија.

Ќе се регулира и
однесувањето на агентите со оглед на тоа дека голем број на агенти во моментов
не само што ги застапуваат играчите туки и се посредници и вообичаено работат и
за клубот и за играчот, а честопати и за двата клуба (оној кој продава и оној
кој купува) и играчот.

Таков беше
случајот на Мино Рајола и трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер
јунајтед во 2016 за тогаш рекордни 105 милиони евра. Контроверзниот агент тогаш
доби неверојатна провизија од 45 милиони евра бидејќи ги застапуваше сите три
страни и беше главен иницијатор на зделката.

Останува да се
види колку од овие идеи ФИФА ќе може да ги преточи во регулатива со оглед на
тоа дека се работи за огромна сума на пари која во иднина сигурно само ќе се
зголемува доколку некој не рече дека е доста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×