ФИФА прави револуција: Ќе се моделираат сите фудбалери кои ќе играат на СП за да нема утки за офсајд!

by 24 фудбал
0 минути читање

ФИФА најави дека ќе ги моделира сите 1.248 фудбалери кои ќе настапат на Светското првенство 2026 со цел унапредување на полуавтоматскиот систем за офсајд.

Секој играч ќе биде прикажан во 3Д формат, што ќе и овозможи на вештачката интелигенција полесно и попрецизно да носи одлуки во спорните офсајд ситуации. Од ФИФА истакнуваат дека оваа технологија ќе донесе уште поголема точност и побрзи судиски одлуки.

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, порача дека ова е само почеток и дека во иднина се планира уште поголема примена на напредна технологија во фудбалот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×