Во летото кое следи ќе се одржи првото Светско клупско првенство, а ФИФА ќе дели и богати награди за учесници.
Светската фудбалска организација објави дека победникот на првото издание ќе заработи награда од 100 милони долари.
Како што е веќе познато првенството ќе се игра во осум групи со по четири тима и најдобрите два ќе продолжат во следната фаза.
Ждрепката за натпреварувањето се одржа на 5 декември и веќе се познати групите, но исфрлен беше мексиканскиот Леон кој требаше да игра во „групата Д“, дополнително ќе биде познат клубот кој ќе го замени.
Група А: Палмеирас (Бразил), Порто (Португалија), Ал Ахли (Египет), Интер Мајами (САД)
Група Б: Пари Сен Жермен (Франција), Атлетико Мадрид (Шпанија), Ботафого (Бразил), Сиетл (САД)
Група Ц: Баерн Минхен (Германија), Бенфика (Португалија), Бока Јуниорс (Аргентина), Окленд Сити (Нов Зеланд)
Група Д: Фламенго (Бразил), Челзи (Англија), Есперанс (Тунис)
Група Е: Ривер Плата (Аргентина), Урава (Јапонија), Интер (Италија), Монтереј (Мексико)
Група Ф: Флуминенсе (Бразил), Борусија Дортмунд (Германија), Улсан (Јужна Кореја), Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка)
Група Г: Манчестер Сити (Англија), Вајдад (Мароко), Јувентус (Италија), Ал Аин (Обединети Арапски Емирати)
Група Х: Реал (Шпанија), Ал Хилал (Саудиска Арабија), Пачука (Мексико), Салцбург (Австрија)