За прв пат по 80 години нема да има англиски судија на едно Светско првенство. Една од најголемите фудбалски нации во светот ќе нема претставник меѓу делителите на правдата.
На широката листа за СП која ФИФА ја имаше направено уште во 2016 година беше Марк Клатенбург, но тој го загуби местото со одлуката од Премиерлигата да премине во Саудиска Арабија во февруари минатата година.
ФА се обиде да го замени Клатенбург со друг англиски судија на листата за СП, но ФИФА го одби ваквиот предлот, а тоа значи дека британски судија нема да има на Светско првенство за прв пат по 1938 година.
Европа ќе ја презентираат судии од Германија, Турција, Русија, Холандија, Полска, Шпанија, Србија, Италија, Словенија и Франција, ќе има по шест од Африка, Азија, Северна и Јужна Америка и двајца од Океанија.