ФИФА реши да отвори неколку постапки по крајот на мечот помеѓу Швајцарија и Србија. Под истрага се Гранит Џака и Ѓердан Шакири за контроверзната прослава на погодоците кога направија гест кој го симболизира двоглавниот орел од знамето на Албанија, како директна провокација кон фудбалерите на Србија.
Останува да се види каква казна ќе им изрече ФИФА која има строги правила против мешање на политика во спорот. Некои медиуми шпекулираат дека двајцата фудбалери би можеле да добијат еден натпревар суспензија, но има и гласини дека казната може да биде два меча.
На тапет кај ФИФА се најде и селекторот Младен Крстајиќ поради неговата изјава дека судијата Феликс Брих ќе го прати пред трибуналот за воени злосторства во Хаг. Светската куќа на фудбалот отвори и истрага против Фудбалската федерација на Србија поради недолично однесување на навивачите.