Сегашното клупско првенство во кое учествуваат шампионите на континентите не е атрактивно, ФИФА има намера да го промени тоа. Од извор од организацијата протекоа информации како би изгледало новото натпреварување.
Турнирот би траел најмалку 18 дена, би биле формирани три групи со по осум тима од пет континенти. Според „Ел Мундо Депортиво“, 12 екипи ќе бидат од Европа, пет од Јужна Америка, две од Адрика, две од Азија и две од Северна Америка.
Ваквиот план на ФИФА веднаш наиде на критики. Гласот прв го крена Гриндел, претседателот на Германската фудбалска федерација.
„На фудбалерите им е потребен одмор и време за рекуперација во јуни. ФИФА треба да се фокусира на натпреварувањата за националните тимови“ – напиша Гриндел на својот фејсбук профил.