146
Челси испрати жалба до Судот за спортска арбитража по одлуката на ФИФА клубот да биде казнет со забрана за купување на фудбалери во следните два преодни рока.
Челси се надеваше дека со поднесувањето на жалба, ФИФА ќе ја одложи забраната за трансфери се додека судот не донесе конечна одлука.
Но од ФИФА денеска стигна известување дека казната на Челси останува и додека трае жалбата.
Во сличните случаи претходно кога шпанските клубови добиваа вакви казни, ситуацијата не беше иста, ФИФА ги замрзнуваше нивните казни додека траеше жалбената постапка.