ФИФА може да се најде во голем проблем – еден град нема пари да биде домаќин на СП?!

by Стефан
1 минути читање

Градот кој треба да биде домаќин на седум натпревари од Светското првенство летово во Соединетите Американски Држави се соочува со сериозен финансиски предизвик и, според последните информации, не ја исклучува можноста да се повлече од организацијата.

Станува збор за стадионот „Жилет“ во Фоксборо, во сојузната држава Масачусетс, кој со своите 65.000 седишта е предвиден да организира пет средби од групната фаза, еден осминафинален дуел и првото четвртфинале закажано за 9 јули. Сепак, во последен момент би можело да дојде до пресврт.

ФИФА би можела да се најде во незавидна ситуација и да мора да бара алтернативна локација, откако локалните власти во Фоксборо најавија дека нема да дозволат одржување на натпреварите без јасна финансиска конструкција. Општинскиот управен одбор го одбил барањето за користење јавни служби без гаранција дека трошоците ќе бидат покриени, нагласувајќи дека товарот не смее да падне врз буџетот на градот.

Проценките говорат дека само за полиција и јавна безбедност ќе бидат потребни околу 7,8 милиони долари, средства со кои градот, според сопственото образложение, во моментов не располага.

Во меѓувреме, како можна опција за спас се споменува сопственикот на њу Енгланд Патриотс, Роберт Крафт, кој наводно би можел да покрие значителен дел од трошоците. Сепак, потврда дека тоа навистина ќе се реализира засега нема.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×