ФИФА ќе организира ново репрезентативно натпреварување!

by 24 фудбал
1 минути читање

ФИФА официјално најави ново натпреварување под своја капа, откако Советот на светската куќа на фудбалот донесе одлука за воведување Светско првенство за кадети до 15 години.

Новото натпреварување ќе биде организирано по примерот на Мундијалите за селекциите до 17 и до 20 години, а првото издание ќе се одржи во 2026 година. Турнирот ќе има фестивалски формат и во почетокот ќе биде наменет за машки селекции, додека девојките ќе добијат можност за настап од 2027 година.

Деталите околу форматот сè уште се усогласуваат, а се разгледува можност натпреварите да се играат на помали терени со состави од седум до девет фудбалери.

Инаку, Светското првенство до 17 години се одржува од 1985 година, додека шампионатот до 20 години има уште подолга традиција и е дел од календарот уште од 1977 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×