ФИФА ќе ја покани Барса на Светското клупско првенство!?

by riste
1 минути читање

Новинарот Дејвид Феителсон тврди дека ФИФА ја разгледува можноста да ја покани Барселона на Светското клупско првенство, поради ситуацијата со клубот Леон има едно место празно.

Клуб Леон од Мексико е исфрлен од Светското клупско првенство, затоа што сопственикот на овој клуб веќе има друг клуб кој ќе настапи на истото натпреварување, тоа е Пачука. Правилата се јасни, еден сопственик не може да има два клуба во исто натпреварување.

Некој друг треба да го пополни испразнетото место, а наводно ФИФА ќе ѝ испрати покана на Барселона.

Леон беше во група со Фламенго, Есперансе де Тунис и Челси, па оној кој ќе биде поканет ќе игра во оваа група.

Од шпанските екипи само Реал и Атлетико Мадрид се учесници на Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани