ФИФА ја претстави полуавтоматската офсајд технологија за СП во Катар, еве како ќе изгледа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Со новата офсајд технологија ќе се намали времето на одлука за офсајд од 70 на 25 секунди. Таа ќе биде дополнување за ВАР и ќе се користи и за други ситуација.

Тоа е систем од 12 камери и сензор во топката која ќе испраќа 500 податоци во секунда и точно ќе определува кога е шутната топката, а камерите ќе го регистрираат евентуалниот офсајд со стоотстотна синхронизираност и брзо ќе биде донесена одлуката.

Визуелизацијата ќе може да биде видена и на стадионот и на малите екрани.

Оваа технологија пробно се користеше на Арапскиот куп и на Светското клупско првенство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани