ФИФА го суспендираше Ето!

by riste
1 минути читање

Самуел Ето важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот, но откако стана претседател на Фудбалската федерација на Камерун почнаа да го следат низа скандали.

ФИФА му изрече суспензија од шест месеци поради недолично однесување на Светското првенство до 20 години за жени.

За време на натпреварот меѓу Бразил и Камерун, Ето со погрдни зборови ги нападнал противниците и официјалните лица на натпреварот.

За своето некултурно однесување со кое ги прекршил правилата доби суспензија од ФИФА од шест месеци која почнува од денеска. Во овој период тој не смее да се појави на ниту еден меч на Камерун од било која категорија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани