Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги додели признанијата за најдобрите на светот за 2024 година на церемонијата„Д Бест“.
Меѓу другото, ФИФА го одбра и идеалниот тим за претходните 12 месеци. Меѓу стативите се најде Емилијано Мартинез кој ја освои Копа Америка со Аргентина. Во дефанзивата имаше место за Вилијам Салиба, Луис Диас, Антонио Рудигер и Дани Карвахал.
Средниот ред го сочинуваат Родри, Тони Крос и Џуд Белингем. Немаше многу дилеми за напаѓачкото трио, бидејќи таму се Винициус Жуниор, Ерлинг Халанд и Ламин Јамал.