ФИФА го одбра најдобриот тим, доминираат парижани!

by 24 фудбал
1 минути читање

ФИФА на свечена гала-вечер во Доха ги додели престижните награди „The Best“ за најдобрите во машкиот и женскиот фудбал за 2025 година.

Покрај главните индивидуални признанија, беше објавен и идеалниот тим на годината, составен од фудбалери кои зад себе имаа исклучително успешна сезона. Во изборот доминираа играчи од екипи што освојуваа трофеи, меѓу кои ПСЖ, Ливерпул, Барселона и Челзи.

Единственото исклучување од тој шаблон е Џуд Белингем, кој и покрај тоа што не стигна до трофеј со Реал Мадрид, со своите настапи заслужено се најде меѓу најдобрите и беше единствениот член на идеалниот тим без освоено одличје.

  • Најдобриот тим за 2025 година:

Донарума; Хакими, Пачо, Ван Дајк, Мендеш; Витиња, Белингем, Педри, Палмер; Јамал, Дембеле.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×