ФИФА го казни Шкупи, му забрани да регистрира играчи до јули 2026

by bojan
1 минути читање

Светската куќа на фудбалот му забрани трансфери на Шкупи, клубот од Чаир нема да може да регистрира нови играчи во следните три преодни рока.

Новите сопственици на Шкупи добија лоши вести, ФИФА му изрече санкција на клубот од Чаир.

Светската куќа на фудбалот му забрани на Шкупи да регистрира нови играчи во траење од три преодни рока, односно во јануари и јули 2025, како и јануари 2026 година.

Во моментов нема повеќе информации околу причината за оваа казна, вообичано вакви казни се изрекуваат поради долг кон играч, агент или тренер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани