ФИФА не трошеше
многу време и десетина дена по крајот на мундијалот ги отрки кандидатите за
наградите Најдобар во 2018.
На листата за Најдобар
фудбалер има 10 имиња: Кристијано Роналдо, Кевин Де Брујне, Антоан Гризман,
Еден Азар, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Лео Меси, Лука Модриќ, Мохамед Салах и
Рафаел Варан.
Кога е во прашање
изборот на Најдобар тренер, номинирани се 11 имиња. Добитникот на
оваа индивидуална награда од минатата година, Зинедин Зидан ја предводи
листата, а покрај него уште се најдоа и Масимо Алегри, Станислав Черчесов,
Златко Далиќ, Дидје Дешам, Пеп Гвардиола, Јирген Клоп, Роберто Мартинез, Диего
Симеоне, Герет Саутгејт и Ернесто Валверде.
Светската куќа на
фудбалот на почетокот од септември ќе ги обелодени тројцата финалисти, а
победникот ќе биде прогласен на церемонија која ќе се одржи во Лондон на 24.
септември.
Добитниците на фудбалските
наградите „Д Бест“ ќе бидат избрани откако ќе се соберат гласовите на фановите,
капитените на националните тимови, селекторите и и група од околу 200 новинари
ширум целиот свет.