ФИФА ги одреди казните за Џака, Шаќири, Крстајиќ и Србија

by
1 минути читање

Гранит Џака и Џердан Шаќири се најдоа на тапет поради контроверзната прослава на головите кога „летаа орли“, гест кој беше протолкуван како провокација кон фудбалерите од Србија.

Се шпекулираше дека двајцата ќе добијат барем еден меч суспензија и покрај тоа што правилата велат дека за мешање на политика во спортот следува минимум два меча суспензија.

Но ФИФА на крајот реши само да удри по џебот на фудбалерите и им изрече парична глоба од по 10.000 швајцарски франци. Парична глоба од 5.000 швајцарски франци доби и капитенот Стефан Лихштајнер кој им се приклучи на своите соиграчи во прославата.

Светската куќа на фудбалот му даде парична глоба и на селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, кого коментарите за судијата Феликс Брих ќе го чинат 5.000 швајцарски франци.

Најлошо помина Фудбалската федерација на Србија, која е казнета со 54.000 швајцарски франци поради недоличното однесувањето на навивачите, кои упатувале дискриминирачки пораки и фрлале објекти во теренот. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани