ФИФА најпрво ги соопшти имињата на 10. тренери кои ќе конкурираат за наградата „Д Бест“, а сега ја објави и листата на фудбалери.
Оваа година нема некој фудбалер кој посебно се истакнува иако имаше неколку кои имаа фантастични сезони. Можеби изненадување е што меѓу кандидатите го нема голманот на Ливерпул, Алисон Бекер кој имаше фантастична сезона, ја освои Европската круна со Ливерпул, а триумфираше и со Бразил на Копа Америка.
Кандидати за наградата се: Кристијано Роналдо, Френки де Јонг, Матијс де Лихт, Хари Кејн, Еден Азар, Садио Мане, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк.
Во изборот ќе учествуваат фановите со гласање на анкетата на веб страната на ФИФА, како и новинарите, селекторите на националните тимови и капитените.
Тројцата финалисти ќе бидат соопштени подоцна, а победникот ќе биде откриен на гала церемонија која ќе се одржи во Милано на 23. септември.