Се исполни
желбата на Џани Инфантино. Првиот човек на ФИФА туркаше промена на форматот на
Светското клупско првенство и покрај тоа што Европската асоцијација на клубови
остро се спротивстави на идејата и се закани со бојкот.
Светската куќа на
фудбалот денеска имаше собрание во Шангај и едногласно беше изгласано ново
Светско клупско првенство со 24 екипи наместо досегашните 7 екипи. Новото
натпреварување ќе стартува во 2021, ќе се одржи во јуни и јули, а првата
организација ја доби Кина.
Стадините и
градовите домаќини ќе бидат дополнително утврдени, исто како и клубовите кои ќе
добијат покана. Се очекува од Европа да има осум клубови, и останува да се види
дали тие ќе ја испочитуваат заканата за бојкот или милионите кои ќе им бидат ветени
за настап ќе ги предомислат.
„Ова е историска
одлука за фудбалот бидејќи сбранието на ФИФА денеска едногласно ја избра Кина
за домаќин на новото Светско клупско првенство“ – порача претседателот
Џани Инфантино.
„Новото Светско клупско првенство ќе биде натпреварување кое со нетрпение ќе го
чекаат вистинските фудбалски љубители. Ова е првото право светско првенство за
најдобрите тимови и клубови ширум светот“.