ФИФА денеска избира наследник на Винисиус!

by Стефан
1 минути читање

Светската фудбалска организација ФИФА, денеска на церемонија во Катар од 18:00 часот ќе ги прогласи најдобрите за изминатата сезонна.

Свеченоста ќе се одржи во пресрет на финалето на Интерконтиненталниот куп, во кое силите ќе ги одмерат ПСЖ и Фламенго на стадионот „Ахмад бин Али“. Главните признанија за најдобрите фудбалери и тренери ќе бидат доделени на гала-вечер во „Катар Хол“, сместен во луксузниот хотел „Фермонт“.

Во машка конкуренција за наградата „The Best“ номинирани се ѕвездите на Барселона, Ламин Јамал, Педри и Рафиња, напаѓачот на Реал Мадрид Килијан Мбапе, како и неколку фудбалери на европскиот шампион ПСЖ: Витиња, Нуно Мендеш, Осман Дембеле кој е актуелен освојувач на „Златната топка“, како и Ашраф Хакими, кој беше прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2025 година. Меѓу нив ќе биде избран наследникот на Винисиус Жуниор, кој минатата година го освои ова признание.

На церемонијата во Доха се очекува присуство на околу 800 гости, меѓу кои и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.

Победниците се избираат според систем на гласање во кој подеднаква тежина имаат гласовите на навивачите, капитените и селекторите, како и претставниците на медиумите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×