35
Пред само неколку дена ФИФА му даде забрана на Ал Наср за регистрирање на нови фудбалери, но сега таа е тргната.
Ал Наср доби забрана за трансфери затоа што го немаа доплатено трансферот на Америк Лапорте кој таму дојде од Манчестер Сити.
Останале рати кои не ги доплатиле, тие биле во висина од девет милиони евра, а рокот бил до 31 август.
ФИФА им даде забрана за регистрација на нови фудбалери со трајност додека го подмират долгот.
Откако стигна забраната, Ал Наср веднаш му ги уплати платите на Манчестер Сити, ФИФА им ја крена казната, па сега тимот во кој игра Роналдо може да продолжи да размислува на нови засилувања.