ФИФА би можела да ја врати Русија во игра за пласман на Светското првенство

by
1 минути читање

ФИФА нема официјално објавено дека ќе го одложи мечот меѓу Русија и Полска. Но руските и полските медиуми пишуваат дека постои можност тоа да се случи.

Светската фудбалска организација би почекала до јуни, доколку до тој период прекине војната во Украина, Русија ќе може да го игра мечот со Полска.

Голема е веројатноста ФИФА наскоро да го одложи дуелот меѓу Шкотска и Украина за јуни, откако Украинската фудбалска федерација побара поместување велејќи дека тие не можат да играат додека нивната земја се брани од руските напади.

Поради тоа дел од баражите би добиле јунски термини.

Се очекува ФИФА во наредниот период официјално да се изјасни за одложување на мечот на Украина, но и за евентуалното враќање на надежта на Русија дека сепак може да игра на СП.

Последна официјална одлука е дека Русија е суспендирана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани