168
ФИФА 18 треба да
излезе кон крајот на месецот па ЕА Спортс со полна пареа работи на промоција на
популарната видео игра.
Денеска беа
објавени рејтинзите на најдобрите 10 фудбалери, и на врвот e ѕвездата на
Реал Мадрид, Кристијано Роналдо.
Португалецот има
вкупен рејтинг од 94 и се најде пред својот лут ривал Лео Меси (рејтинг 93).
Потоа следуваат тројца играчи кои имаат рејтинг од 92 а тоа се Нејмар, Луис
Суарез и Мануел Нојер.
Помеѓу најдобрите
10 уште место има и за Роберт Левандовски, Серхио Рамос, Еден Азар, Тони Крос и
Гонзало Игуаин.
