ФИФА ѝ се извини на Украина за скандалот на ждрепката

by riste
1 минути читање

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) испрати извинување до Фудбалската федерација на Украина поради прикажувањето на мапата на оваа земја без Крим, територија која ја окупираше Русија за време на ждрепката за квалификациите на СП 2026.

Од ФИФА во извинувањето истакнуваат дека ја разбираат чувствителната тема и испраќаат извинување, иако се било без никаква намера.

„Во целост ја разбираме чувствивтелноста на ова прашање и иако инцидентот беше ненамерен, испраќаме искрено извинување“, објави шефот на асоцијацијата членки на ФИФА, Елкхан Мамадов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани