ФФШ и Ла Лига го договорија планот 24/7: Во Шпанија фудбал ќе се игра секој ден

by
1 минути читање

Луис Рубиалес и
Хавиер Тебас најдоа компромис за продолжението од сезоната, првите луѓе на Фудбалската
федерација на Шпанија и Ла Лига се договориле да има натпревари и во
понеделник, па тоа значи фудбал секој ден во неделата, и две кола во една
недела.

Единствено
ограничување е да има пауа од 72 часа помеѓу два натпревари на еден тим.

Со ова за отвара
простор сезоната да заврши до крајот на јули, односно согласност насоките од
УЕФА. Планот е ре-стартот на првенството да се случи на 12. јуни, или
евентуално седум дена подоцна.

Сега останува да
се испеглаат деталите за распоредот, и саатниците. Со оглед на тоа дека во
следните месеци температурите во некои делови на Шпанија ќе се искачат и до 40
степени, во потоплите предели на земјата мечевите ќе можат да почнат и во 23
часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×