ФФМ со јавен конкурс: Креирај го новиот трофеј на ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија распишува конкурс за избор на најдобро идејно решение за новиот пехар наменет за шампионот на Македонија во Првата фудбалска лига.

Целта на конкурсот е да се изработи современо, препознатливо и автентично уметничко решение кое ќе ја симболизира традицијата, енергијата и победничкиот дух на македонскиот фудбал.

Право на учество:

Право на учество имаат: академски уметници, дизајнери, студенти на ликовни академии, архитекти, скулптори и други лица со креативен визуелен израз.

Секој учесник може да конкурира со најмногу три идејни решенија.

Учесниците треба да достават:

Кратко образложение за концептот на пехарот.
Визуелна презентација: скица, 3D рендер, технички цртеж или макета (фотографии).
Предлог материјали, висина и форма на пехарот.
Контакт информации.

Критериуми за избор

Креативност и оригиналност
Препознатлив македонски визуелен идентитет
Функционалност и издржливост
Можност за реализација
Естетика и симболика

Рок и начин на доставување

Идејните решенија се доставуваат електронски на:ffm@ffm.com.mk или во архивата на ФФМ (бул. АСНОМ 21) најдоцна до 15. март 2026.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×