Фудбалската федерација на Македонија реагира за арбитражата на натпреварот меѓу Македонија У21 и Белорусија кој заврши со пораз за нашиот тим (3-1).
Од ФФМ се пожалија дека судењето од страна на турските арбитри било катастрофално. Врв на натпреварот бил Кирил Цепенков, млад фудбалер на белоруската репрезентација кој бил заменет на натпреварот, а потоа вратен во игра.
Судиите го забележале тоа, меѓутоа дозволиле да се направи замената поради тоа што натпреварот беше пријателски.
„Натпреварот го одбележа катастрофалното судење од страна на турските арбитри. Имено, на полувреме, фудбалерот на Белорусија, Кирил Цепенков беше изваден од игра, но во продолжението влезе повторно во игра на место на друг фудбалер кој го напушти теренот поради повреда. Судиите беа запознаени со ситуацијата и грешката што ја направи белорускиот тим, но не реагираа, дозволувајќи му на Кирил Цепенков да го доигра натпреварот”, напишаа од Фудбалската федерација на Македонија.