454
Клубовите од Првата македонска фудбалска лига ќе добијат по точно 150.916 евра.
„ Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за распределба на средствата наменети за солидарна шема на УЕФА за сезоната 2024/25 во висина од 1.811.000 евра.
Средствата ќе бидат распределени на клубовите од Прва МФЛ кои ќе ги исполнат критериумите за натпреварувачата сезона (програма за развој и минимум правни информации).
Средствата ќе бидат распределени подеднакво, односно секој клуб ќе добие по 150.916,00 евра“, стои во соопштението на ФФМ.