ФФМ послуша, Македонија на Европското првенство ќе игра со стариот дрес! (ФОТО)

by
0 минути читање

Голема врева во јавноста крена новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, кој наместо во црвена, беше во бордо боја.

 

Негодуваа и фудбалерите преку социјалните мрежи, особено капитенот Горан Пандев, кој ги објавуваше старите дресови.

 

Се чини дека под притисокот на јавноста ФФМ попушти, па денеска претседателот Муамед Сејдини објави фотографија од стариот дрес и напиша: „Одиме на Европско! Напред Македонија! Фудбал се игра за фановите!“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×