ФФМ отвори дисциплинска постапка против Шкендија!

by 24 фудбал
1 минути читање

На денешната седница на Дисциплинската комисија при ФФМ изречени се казните за исклучените фудбалери, тренери и членови на стручни штабови на клубовите од Првата и Втората македонска фудбалска лига. Исто така, беа донесени и следните одлуки:

– Се поведува дисциплинска постапка против ФК Шкендија за натпреварот од 20. коло помеѓу ФК Шкендија и ФК Пелистер, поради слаба организација. Во текот на натпреварот од страна на домашната публика биле фрлани метални пари, запалки и пластични шишиња на теренот. Четвртиот судија бил погоден со запалка и метални пари, а кон него бил фрлен и скалпер, кој паднал во негова близина.

По завршувањето на натпреварот, кога судиската четворка се упатила кон соблекувалните, повторно биле фрлани предмети кон нив. Исто така, неслужбено лице влегло на теренот и вербално ги нападнало судиите. Откако судиската четворка влегла во службените простории, истото лице ги следело, навредувало и се обидело физички да се пресмета со нив.

– Баже Илијоски, тренер на ФК Македонија Ѓ.П., се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец.

– Дејан Лескароски, тренер на ФК Струга Трим Лум, се казнува со забрана за вршење функција во траење од еден месец.

– Филип Тодороски, фудбалер на ФК Кожуф, се казнува со забрана за настап на два натпревари.

– Мартин Богданоски, фудбалер на ФК Новаци, се казнува со забрана за настап на два натпревари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×