659
Фудбалската федерација на Македонија продолжи со реформите, а по изборот на Масар Омерагиќ за претседател со мандат до 2029 се избраа и другите функции.
Двајца нови потпретседатели на ФФМ ќе бидат Марјанчо Стојкоски (ОФС Прилеп) и Џевад Дибрани (ОФС Струга).
Покрај тоа, одбрани се и членовите на Управниот одбор на седницата веднаш по собранието. Нови членови на Управниот одбор се:
Златко Талевски, Свето Станковски, Берат Исмаили, Сашко Тасев, Игор Франговски, Станко Манчевски, Добре Иванов, Борче Лазаревски, Абдула Сакипи, Марјанчо Стојковски, Горан Гаврилов, Ѓорѓи Угриновски, Џеват Ибраими, Димитар Џонов, Агим Ибраими, Дарко Костовски, Владимир Гашевски .