Фудбалската федерација на Македонија денеска излезе со објаснување околу стадионот во Чаир на кој Шкупи н ема да може да биде домаќин и во четвртото коло против Вардар.
Шкупи нема услови за воведување на ВАР, а ФФМ ги истакна сите недостоци:
– недоволно исполнети безбедносни услови за одигрување натпревари од Прва МФЛ согласно извештајот за инфраструктура;
– несоодветна заштитна ограда на јужната трибина, во која има дупки и други небезбедни елементи што претставуваат ризик за учесниците на натпреварот (фудбалерите, официјалните лица и сите присутни);
– неисполнети критериуми за примена на ВАР системот, односно нема соодветно струјно поврзување за ТВ репортажното возило;
– незавршена една од трите потребни платформи за ТВ камери, како и неисполнети услови и соодветен простор за ТВ коментатори;
– искршени клупи за резервни фудбалери кои не обезбедуваат минимални услови за фудбалерите и претставниците на клубовите;
Исто така од Фудбалската федерација изразуваат и загриженост затоа што никој од клубот не се појавил при најавената инспекција, единствено присуствувале навивачите кои покажале желба и ентузијазам да помогнат да се реши проблемот.
„Загрижува фактот што за време на инспекцијата на стадионот немаше присутен официјален претставник на ФК Шкупи. Единствено беа претставници на навивачката група „Шверцери“, кои покажаа ентузијазам и желба да помогнат во поддршката на клубот“
Сепак, доколку клубот навистина сака да ја реши ситуацијата, неопходно е да се појави официјален претставник кој јасно ќе ја соопшти намерата и чекорите што ќе се преземат. Ги повикуваме сопственикот и извршниот директор на клубот да се појават на стадионот во Чаир и да преземат мерки за нормално функционирање на ФК Шкупи. ФФМ, како и досега, ќе направи се што е потребно да му помогне на клубот, но истовремено потенцираме дека не смее да се дозволи натпревари, особено со висок ризик, да се играат во вакви услови“, соопшти ФФМ.