Македонија синоќа ја победи Словенија со 2-1 и впиша три големи бода во битката за пласман на Европското првенство.
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини го изрази своето задоволство од резултатот и играта на фудбалерите и потврди дека ќе им исплатат премија од 100.000 евра.
„Уживаме во прекрасни фудбалски денови и посакуваме тоа да продолжи. Македонскиот фудбал по триумфот против Словенија доби уште една причина за радост, но сакам да им порачам на фудбалерите и навивачите да останеме скромни и смирени. Убаво е да се видат полни трибини на Националната арена и нашата репрезентација на сите насловни страни, тоа ја покажува моќта на фудбалот. Како раководство на Фудбалската федерација на Македонија ветивме премија за репрезентацијата и ќе исплатиме сума од 100.000 илјади евра како награда за трудот и резултатите. Честитки и посакувам да ја продолжиме оваа убава приказна, да ја задржиме позитивната енергија и да бидеме уште подобри“, изјави Муамед Сејдини, претседател на ФФМ.