ФФМ ја намали казната на Шкендија за свирежите на минутата молк за жртвите во Кочани!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалскиот клуб Шкендија доби позитивен одговор од Комисијата за жалби при ФФМ по поднесената жалба за дисциплинската казна, со што финалниот натпревар од сезоната против Силекс, кој ќе се одигра на 18 мај во Тетово, ќе може да се одигра со присуство на публика.

Претходно, „црвено-црните“ беа казнети со пет натпревари без публика, откако дел од навивачите не ја испочитуваа минутата молк за жртвите во трагедјата во Кочани пред натпреварот со Брера. Тоа значеше дека тимот сезоната ќе ја заврши пред празни трибини.

Сепак, по поднесената жалба, ФФМ реши да ја ублажи санкцијата, па наместо пет, Шкендија ќе одигра четири натпревари без публика. Со тоа, последниот меч од сезоната, кој воедно ќе биде и прослава на петтата шампионска титула во клупската историја, ќе биде отворен за навивачите на градскиот стадион во Тетово.

Овој натпревар ќе има посебна симболика, бидејќи Шкендија токму пред домашната публика ќе го добие и официјално шампионскиот пехар за сезоната 2023/2024.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×