ФФМ има порака до клубовите пред почетокот на новата сезона

by riste
1 минути читање

Денеска стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) испрати порака за клубовите пред почетокот.

„Во пресрет на почетокот на новата сезона во Прва МФЛ, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) им посакува многу успех на сите клубови, тренери, фудбалери и спортски работници кои секојдневно вложуваат во напредок на нашиот фудбал.

Очекуваме возбудлива, фер и квалитетна сезона која ќе донесе позитивни моменти, на теренот, но и надвор од него. Сите заедно имаме обврска да го подигнеме нивото на натпреварување, да ја зајакнеме фудбалската култура и да бидеме вистински пример за младите генерации.

ФФМ останува силен партнер на клубовите и ќе продолжи со посветена работа на обезбедување подобри услови, развој на инфраструктурата и транспарентно водење на натпреварувањето.

Се радуваме што заеднички го отвораме новото поглавје за македонскиот клупски фудбал. Фудбалот на прво место!“, стои во пораката на ФФМ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×