ФФМ им ги зголеми дневниците на контролорите пред Изборното Собрание

by
1 минути читање

Работата на судиските контролори е да го изгледаат натпреварот од ложата и да ја оценат работата на судијата. Со одлука донесена пред крајот на минатата година, на барање на судискиот одбор, контролорите од првата лига за тие два часа работа, ќе добијат дневница од 5.000 денари, а оние од втората лига ќе добијат 4.000 денари.

Во текот на еден месец тие можат да бидат делегирани на повеќе натпревари, за работа да речеме од осум часа, т.е. четири изгледани натпревари, сумата која ќе ја добијат изнесува 20.000 денари. Па како после на Изборно собрание да не кренат рака за поддршка на актуелното раководство.

И така ќе биде се додека трае овој изборен модел за претседател на ФФМ кој ниту една фудбалска власт не сака да го промени. Лесно поткупливите делегати, лесно обезбедуваат нови мандати, а во такви услови не е возможно да има реална фудбалска опозиција.

ФФМ својот имиџ го шминка со резултатите на македонската репрезентација, но таа е составена со фудбалери кои играат надвор од нашата држава и се развиваат во далеку подобри услови. А каков е нашиот фудбал, последен показател се резултатите на македонските клубови кои се подготвуваат во Анталија, сите заедно одиграа повеќе од 20 натпревари и не победија ниту еднаш.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×