ФФМ го реновира првиот терен во тренинг центарот, се оспособува и нов паркинг простор за посетителите (ВИДЕО)

by 24 фудбал
0 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија ќе го реконструира првиот терен во тренинг центарот „Петар Милошевски“.

Првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ објави видео за почетокот на работата. Ќе се менува целосно тревникот, а се најавува дека ќе има современа дренажа.

Исто така најавено е дека се уредува и нов паркинг простор и полесен пристап до трибините на вториот терен зад зградата на федерацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×