Од Фудбалската федерација на Македонија денеска информираа дека разрешен од должноста е селекторот на генерацијата до 21 година Драги Канатларовски, а на негово место доаѓа Горан Станиќ.
Канатларовски селектор на младинците беше беше од јуни 2021 кога дојде на местото на Благоја Милевски и не во изминатите години не забележа посебен успех.
Станиќ е актуелен тренер на ФК Работнички – делба на првото место по првиот дел од тековната сезона во МФЛ и поранешен селектор на младинските репрезентации до 17 и 19 години – пласман во Елитна фаза квалификации 2017 (МКД до 17) и 2019 година (МКД до 19). На Европското првенство – ЕУРО 2020 беше дел од стручниот штаб во А репрезентацијата на Македонија.
Покрај Канатларовски ФФМ ги разреш ии селекторите на генерациите до 19 години (Вујадин Станојковиќ), до 17 години (Раде Каранфиловски), до 16 години (Драган Начевски и до 15 години (Исени Иљами).
Единствен кој ја задржа функцијата во младинските категории беше селекторот на генерацијата до 18 години Ерхан Селими.