138
Наместо првиот викенд од август, Македонската прва лига ќе стартува една недела подоцна, ваква одлука донесе ФФМ за да им даде време на клубовите да ја комплетираат документацијата за лиценцирање.
Најголемиот проблем беше кај Беласиција која во последен момент ја спроведува трансформацијата во акционерско друштво што е еден од основните предуслови за настап во Првата лига.
Шампионатот и оваа сезона се игра во четикружен систем со вкупно 36 кола, Шкендија е голем фаворит за одбрана на титулата, Вардар не направи силен тим за да парира, а се очекува да се види како ќе изгледа Шкупи кој почнува со многу повисоки амбиции од лани.