Александар Ставрев за нов претседател на судискиот одбор на ФФМ

by Стефан
1 минути читање

На денешната Седница Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за нов судиски одбор составен од Александар Ставрев – претседател, Илир Сеља – заменик претседател, Димитар Мечкаровски – член, Дејан Јакимовски – член, Дејан Костадинов – член.

Назначени се нови стручни надворешни соработници во судискиот одбор: Јосип Бартон, Никола Караколев, Горан Спиркоски, Марјан Кировски, Благој Шуклев, Џенан Хајдари, Иса Емрули, Игор Ширилов, Зоранчо Темелков, Билјана Миланова, Зоранчо Илиевски и Бранко Манојлоски.  

Формирана е Комисија за делегирање судии во состав: Јосип Бартон – претседател, Зоранчо Илиевски – член, Џенан Хајдари – член. 

Формирана е Комисија за делегирање на контролори во состав: Никола Караколев – претседател, Бранко Манојлоски – член и Игор Ширилов – член.

Комисија за имплементација на ВАР систем: Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски, Горан Спиркоски, Јосип Бартон и Никола Караколев. 

Комисија за делегирање на женски фудбал: Илир Сеља – делегирање на судии и Билјана Миланова – делегирање на контролори.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани