146
Македонија го започнува настапот во Лигата на нации, најпрво на 6. септември му гостуваме на Гибралтар, а на 9. играме дома против Ерменија.
ФФМ одлучи цените за овој натпревар да изнесуваат 100 денари за јужната и 150 денари за северната трибина.
Билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник 3. септемви и ќе можат да се купат преку продажната мрежа на МКТикетс, а посебен пулт ќе биде поставен и во Сити Мол. На денот на натпреварот од 12 часот па се до почетокот на мечот билети ќе има и на благајната на Арената „Филип Втори“.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра на 9. септември со почеток од 18 часот.