Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација одлично ги почна настапите во најновото
натпреварување на УЕФА, Лигата на нации, откако во групата „4“ од Лигата „Д“
најпрво ја оправда фаворитската улога против Гибралтар и славеше кај
аутсајдерот со 0-2, а веднаш потоа со идентичен резултат пред своја публика
беше подобра од Ерменија.
Одличниот старт
на избраниците на Игор Ангеловски донесе и награда за националниот тим, откако
Управниот одбор при Куќата на фудбалот во нашата земја донесе одлука за
победите против Гибралтар и Ерменија фудбалерите, како и стручниот штаб да добијат
награда во висина од 30.000 евра.
Следниот
предизвик за сениорите во Лигата на нации е дуелот на домашен терен против
Лихтенштајн на 13 октомври.