ФФМ донесе одлука: Премија од 300.000 евра за секоја победа на македонските фудбалери на ЕП, 150.000 евра за реми

by
1 минути читање

За победа на ЕВРО 2020, македонските фудбалери ќе поделат премија од 300.000 евра, а за реми 150.000 евра. ФФМ одреди и премија за мартовските квалификациски мечеви каде спаѓа и победата над Германија, наградата која ќе ја поделат играчите за тие едуели е 150.000 евра

Соопштението на ФФМ ви го пренесуваме во целост:

У.О. на ФФМ донесе одлука да исплати парична награда за македонската А репрезентација во износ од 150.000 Евра за мартовските натпревари (Романија, Лихтенштајн и Германија) од квалификациите за Светското првенство 2022 година;

У.О. на ФФМ донесе одлука со која секоја победа од групната фаза на Европското првенство ќе ја вреднува со 300.000 Евра како парична награда за македонската А репрезентација;

У.О. на ФФМ донесе одлука со која секој нерешен резултат на натпреварите од групната фаза на Европското првенство ќе го вреднува со 150.000 Евра како парична награда за македонската А репрезентација;

У.О. на ФФМ донесе одлука со која доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од Европското првенство, националниот А тим ќе добие 30 проценти од износот кој ќе се добие од паричната награда од УЕФА по покривањето на трошоците за учество на натпреварувањето;

У.О. на ФФМ донесе одлука повикот за фудбалери за претстојното Европско првенство да изнесува 1500 Евра, а дополнителни 1500 Евра ќе се исплатат на име повик доколку македонската А репрезентација ја помине групната фаза од ЕП;

У.О на ФФМ донесе одлука периодот за пререгистрација на футсал играчи да трае во периодот од 7. септември до 21. септември 2021. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×